Достапни линкови

СДСМ-ДПА - Соработка само на елитите или и на членствата?


Средба на лидерите на СДСМ и на ДПА, Бранко Црвенковски и Мендух Тачи, во ресторанот Петрол компани на автопатот Скопје-Тетово на 18 јули 2012.

Средба на лидерите на СДСМ и на ДПА, Бранко Црвенковски и Мендух Тачи, во ресторанот Петрол компани на автопатот Скопје-Тетово на 18 јули 2012.

Експертите поделени за тоа дали договорената соработка меѓу лидерите на СДСМ и на ДПА ќе биде прифатена од членовите и од симпатизерите на двете партии.

Пазарењето со гласовите за локалните избори на СДСМ и ДПА ги подели експертите околу тоа колку ќе се покаже како успешна оваа нивна соработка. Договорот меѓу двете партии ќе значи дека „во општините каде што не ќе може да победи кандидат Македонец, СДСМ ќе го поддржи кандидатот на ДПА и обратно, во оние средини каде не ќе може да победи Албанец, ДПА ќе го поддржи кандидатот на СДСМ.
Тоа само по себе нема да биде лесна задача, но може биде остварлива. Меѓутоа, за коалицијата да не биде само на хартија ќе биде доста важно секоја партија од коалицијата да работи со сопственото гласачко тело. Вакво нешто досега не се случило во Македонија и е еден позитивен исчекор во однос на намалувањето на меѓуетничките тензии и на градењето меѓуетничка соработка.

Професор Здравко Савески вели дека соработката може да функционира само доколку СДСМ и ДПА сработат на терен, односно ако успеат да ги убедат нивните гласачи.

„Тоа само по себе нема да биде лесна задача, но може биде остварлива. Меѓутоа, за коалицијата да не биде само на хартија ќе биде доста важно секоја партија од коалицијата да работи со сопственото гласачко тело. Вакво нешто досега не се случило во Македонија и е еден позитивен исчекор во однос на намалувањето на меѓуетничките тензии и на градењето меѓуетничка соработка“, вели Савески.

Професор Арсим Синани вели дека лидерите на двете партии, Мендух Тачи и Бранко Црвенковски, на овој начин бараат шанса да ги придобијат гласачите, бидејќи загубија на минатите избори.

„Меѓутоа, јас мислам дека албанскиот гласач не би гласал за СДСМ, не знам како ќе биде од македонската страна, иако може да им се каже на гласачите за кого да гласаат. Јас зборувам од аспект на психологијата на албанскиот гласач и не верувам дека албанскиот гласач би гласал за еден кандидат на СДСМ“, вели Синани.

Според Савески, не може од старт да се отпишат нивните шанси. Досега ни СДСМ ни ДПА во мешаните подрачја не можеа да сметаат на гласовите од другиот етнос, за разлика од сега кога им се отвора таква можност.

„Тие гласови не се голем процент бидејќи веројатно договорот ќе биде само за оние општини каде што е преголемо мнозинството на еден етнос, но некаде можат да направат некоја разлика“, вели Савески.

Тимовите на СДСМ и ДПА во наредниот период ќе анализираат во кои општини ќе настапат заедно на локалните избори и на колку гласачи можат да сметаат.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG