Достапни линкови

Генералниот секретар на ОН во посета на Македонија


Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Mун

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Mун

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Mун, во рамки на неговата балканска турнеја денеска и утре ќе престојува во официјалната посета на Македонија. Првиот човек на Светската организација ќе биде придружуван од посредникот на ОН во спорот за името со Грција, Метју Нимиц, поради што се очекува тоа прашање да биде централна тема на разговорите со македонскиот државен врв, се наведува во соопштението од МНР.
Дводневниот престој Бан Ки-мун го почнува во Охрид, каде ќе разговара со претседателот Ѓорге Иванов, потоа заминува за Скопје, каде ќе се сретне со премиерот Никола Груевски и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а ќе има и обраќање во Собранието.
XS
SM
MD
LG