Достапни линкови

Попоски се сретна со еврокомесарот Филе во Брисел


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски по средбата со еврокомесарот Штефан Филе во Брисел изјави дека тие имале многу отворен разговор за активностите на Македонија во евроинтегративниот процес. Филе изразил интерес за динамиката на остварувањето на зацртаните цели и на поставеноста на Македонија од аспект на очекувањата.
Двајцата се сложиле дека очекуваат земјите членки на ЕУ да ги препознаат напорите и напредокот на земјата, кои водат во правец на остварување на сите зацртани цели кои Европската комисија ги има дефинирано како приоритетни во Пристапниот дијалог на високо ниво со Македонија.
XS
SM
MD
LG