Достапни линкови

Хоспитализирани повредените од пожарот кај Струмица


Петмината потешко повредени при гаснењето на пожарот кај Струмица беа вчера однесени во Градската хируршка болница „Свети Наум“ во Скопје. Тројца од нив се наоѓаат во критична состојба. Во посета на повредените беа премиерот Никола Груевски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и заменик министерот за здравство Јовица Андовски.
Пожарот што почна вчера на пладне, од небрежност, во местото Чамчифлик, зафати борова шума и малку смрека на површина до 100 хектари по што се прошири на неколку рида.
XS
SM
MD
LG