Достапни линкови

Обама со предупредување до Сирија за употреба на хемиско оружје


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама го предупреди сирискиот претседател Башар ал Асад да не прави трагична грешка со ослободувањето на залихите на хемиско оружје. Според него, Асад и неговиот режим ќе бидат повикани од меѓународната заедница и САД да преземат одговорност доколку го направат тоа. Дамаск се закани дека ќе употреби хемиско оружје против било каква меѓународна воена интервенција во Сирија.
XS
SM
MD
LG