Достапни линкови

Ирак се противи на предлогот на Арапската лига до Асад


Сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Ирак се противи на предлогот на Арапската лига до сирискиот претседател Башар ал-Асад да се повлече од власт, соопштија ирачки официјални лица.
Портпаролот на ирачката влада изјави дека ова прашање е „единствена одговорноста на сирискиот народ“. Според заменик министер за надворешни работи на Ирак со барањето се прави мешање во суверенитетот на друга земја.
Арапската лига денеска го повика Асад да се откаже од власт и понуди „сигурен излез“ за него и за семејството ако тој ја напушта земјата. Но подоцна од сириското министерство за надворешни работи ја отфрлија таа понуда.
XS
SM
MD
LG