Достапни линкови

Небојша Стефановиќ нов претседател на српскиот Парламент


Небојша Стефановиќ .

Небојша Стефановиќ .

Кандидатот на Српската напредна партија (СНС) Небојша Стефановиќ денеска е избран за нов претседател на српскиот Парламент.
Неговиот избор го поддржаа 142 пратеника, против се изјаснија 48, а 15 биле воздржани.

Стефановиќ е еден од основачите на СНС, член на нејзиното Претседателство, потпретседател на Главниот одбор и шеф на белградскиот одбор на партијата.
На изборите во мај оваа година е избран за пратеник во Собранието на Србија, а како пратеник на Српската радикална партија, чиј член бил пред основањето на СНС, го предводел парламентарниот Одбор за трговија и туризам.
XS
SM
MD
LG