Достапни линкови

Руски Аерофлот нема да лета до Дамаск


Рускиот државен авиопревозник Аерофлот денеска соопшти дека следниот месец нема да има летови до Дамаск поради намалувањето на побарувачката за билети во услови на растечко насилство во Сирија.
Портпарол на Аерофлот, изјави дек на 6 август ќе престанат да летаат до Дамаск поради ниската побарувачка. Компанијата има по два летови од Москва за Дамаск и обратно секоја недела. Сирија е дом на десетици илјади етнички Руси, а има и многу Сиријци кои студирале во поранешниот Советски Сојуз.
XS
SM
MD
LG