Достапни линкови

Работат во општината, а немаат сини картони


Вработените во јавните комунални претпријатија во Дебар не добиваат редовно сини картони, зашто поради лошата финансиска состојба, претпријатијата не им плаќаат придонеси.

Јавните комунални претпријатија во општините Дебар и Центар Жупа поради лошата финансиска состојба во која се наоѓаат нередовно ги плаќаат придонесите. Над 100 вработени во локалните јавни комунални претпријатија со години имаат проблеми со добивањето на сините здравствени картони, така што при случаи на потешки заболувања на вработените во овие претпријатија доаѓа до судски спорови околу наплатата на средствата за лекување.
Долговите кон ЈКП изнесуваат 48 милиони денари од страна на граѓаните, додека, пак, оние на фирмите и институциите се над 23 милиони денари. Така, поради оваа состојба ние се соочуваме со проблемот на неплаќање на здравствени и други придонеси. Правиме напори во договор со Фондот за здравствено придонесите да се плаќаат на рати. Придонесите не се платени за периодот 2002–2006 година, но има проблеми и сега. Ако 50 насто од долговите ги собереме, нема да има проблеми со исплатата на придонесите.

Во јавните комунални претпријатија нагласуваат дека неплаќањето на долговите кон претпријатијата од страна на корисниците на услугите не дава можност за редовна исплата на придонесите.

„Долговите кон ЈКП изнесуваат 48 милиони денари од страна на граѓаните, додека, пак, оние на фирмите и институциите се над 23 милиони денари. Така, поради оваа состојба ние се соочуваме со проблемот на неплаќање на здравствени и други придонеси. Правиме напори во договор со Фондот за здравствено придонесите да се плаќаат на рати. Придонесите не се платени за периодот 2002–2006 година, но има проблеми и сега. Ако 50 насто од долговите ги собереме, нема да има проблеми со исплатата на придонесите“, вели директорот на ЈКП „Стандард“ од Дебар, Мазлум Леши.

Според него, и покрај тоа што станува збор за јавни претпријатија основани од страна на општините, сепак вработените во одредени периоди немаат право на лекување со сини картони.

И во Јавното комунално претпријатие „Кале“ во Центар Жупа, со одредени прекини, добивањето на сините картони како право на вработените не се остварува. Трпат само вработените, нагласува директорот на ЈКП „Кале“, Мунир Бастри.

„Со моето доаѓање на чело на претпријатието ги плативме придонесите за периодот 2009–2011, но сепак последните седум месеци од оваа година повторно придонесите не се платени и сини картони за вработените нема“, подвлекува директорот Бастри.

Проблемот со неплаќањето на придонесите за здравствено и пензиско осигурување се провлекува и во двете претпријатија со години. Локалните власти и во двете општини имаат расправано за овој голем проблем, но досега решение нема.

Вработените на неколку пати ја имаат прекинувано и работата, барајќи ги своите законски права, но се останува само на ниво на барања. Ниту Синдикатот не е моќен да го реши проблемот, велат тие, а за жал нема реакции и активности и на надлежните институции за да се реши проблемот.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG