Достапни линкови

logo-print

Хорот „Моис Хасон“ – чувар на музичката традиција на Евреите


Камерниот хор на Еврејската заедница во Република Македонија – „Маоис Хасон“

Камерниот хор на Еврејската заедница во Република Македонија – „Маоис Хасон“

Вечерва , од 21 часот, на платото пред Музејот на холокаустот, ќе се одржи зеднички концерт на шпанската група „Офир ел виахе“ и нивните домаќини Камерниот хор на Еврејската заедница во Република Македонија – „Маоис Хасон“.

Иако различни во пристапот, сепак целта на Шпанците „Офир ел виахе“ и на членовите на Камерниот хор на Еврејската заедница во Република Македонија – „Моис Хасон“ им е иста – негување на вековната сефардска музичка традиција.
Шпанскиот бенд Офир ел виахе.

Шпанскиот бенд Офир ел виахе.


На определен датум во септември се одржува европскиот дена на еврејската култура, се задава една тема за сите еднаква и во тој смисол многу често хорот настапува во тие проекти.
И, додека првите, како следбеници на култниот џез-рок состав „Октобер екус“, под водство на Анхел Оталва, тоа го прават на модерен начин вкрстувајќи ја со европската фолк музика, нордискиот џез-рок, афро-битот, психоделијата...нашите хористи остануваат доследни во негувањето на изворната романса отпеана на архаичниот јудео-шпански, односно ладино јазик.
Камерниот хор на Еврејската заедница во Република Македонија – „Маоис Хасон“

Камерниот хор на Еврејската заедница во Република Македонија – „Маоис Хасон“


Впрочем, со таа цел , во февруари 2004 година е и формиран овој хор кој го носи името на талентираниот еврејски диригент и композитор Моис Хасон. Тој во првата половина на минатиот век водел неколку хорови во Скопје, но ја доживеал судбината на најголемиот дел од Евреите во Македонија – во март 1943 бил однесен во концентрациониот логор Треблинка.
Берта Романо Николиќ, раководителката на овој хор, вели дека иницијативата за неговото формирање ја дал нејзиниот татко Морис Романо, еден од преживеаните на холокаустот.

„Во неговата фамилија се негувала таквата музика бидејќи дома биле сите музикални, така да идејата за формирање на хорот дојде од прав човек.“

Таа дополува дека членовите на хорот главно се аматери, вљубеници во музиката и членови на Заедницата, но дека тие под диригентство на маестро Томислав Шопов, како претставници од Македонија, досега со голем успех настапувале на гостувањата и хорските натпревари во Белград, Ниш и во Сибиу, Романија.

„На определен датум во септември се одржува европскиот дена на еврејската култура, се задава една тема за сите еднаква и во тој смисол многу често хорот настапува во тие проекти.“

Романо – Николиќ, како посебност во делувањето на хорот ги издвојува неколкуте аудио- видео изданија и соработката со сличните ансамбли од Балканот кои ја негуваат сефардската традиција, вели дека оствариле одлична комуникација со групата БАКЛАВА при реализацијата на нивниот последен албум и искрено и се радува на возвратната посета на музичарите од „Офир ел виахе“.

„После оваа соработка верувам дека наскоро, со ова наше претставвуање, дека ќе има таква шанса повторно да се дружиме, односно ние да патуваме во Шпанија и тоа би било прекрасно, на огромно наше задоволство.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG