Достапни линкови

logo-print

СДСМ-Синдикатите ја убија свеста на работниците


Протест на работници.

Протест на работници.

Во Македонија секојдневно се намалуваат работничките права, а стандардот на работниците и воопшто на граѓаните е се полош и полош, изјави потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев. Тој вели дека кризата која ја зафати Македонија, падот на индустриското производство, падот на бруто општествениот производ, неликвидноста предизвикана од долговите на владата кон стопанството, се генератор на се поголем број отпуштања и се поголем број на невработени лица.

Од СДСМ велат дека во неколку наврати досега апелирале до Сојузот на синдикати и претседателот Живко Митровски, дека работничките права се загрозуваат, работниците живеат се полошо и полошо, а многумина од нив стануваат невработени.
„Тоа не беше доволно, па минатиов викенд во интервју за Радио Слободна Европа запрашан да коментира за положбата на работниците во Македонија, Живко Митревски изјави дека “Не е толку лошо како што се прикажува”.

Од СДСМ му реплицираат и велат: „Бидејќи очигледно Живко Митровски одамна се нема сретнато со работниците и има изгубено осет за реалноста, еве да му помогнеме. „Навистина не е толку лошо колку што се прикажува, туку полошо е!“

Митревски во неделното интервју на Радио Слободна Европа меѓу другото изјави дека ССМ соработува со владата за да бара решенија.

„Порано за жал тоа не беше присутно и можеби е затоа таа слика дека синдикатот секогаш мора, и да е добро, сепак да изјавува дека не е добро. Мора да ја менуваме таа слика, вели првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија Живко Митревски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
XS
SM
MD
LG