Достапни линкови

На два дена пред официјалното отворање, со натпревари во фудбалскиот турнир за жени, денеска почнуваат првите спортски настани на летната Олимпијада. Домаќин е Лондон. Со тоа тој стана прв град што трипати бил домаќин на Олимпијадата. Претходно тоа беше во 1908 и 1948 година.

Официјално станува збор за 30 летна Олимпијада, но всушнот е 27-ма, бидејќи шесттата во Берлин во 1916, 12 во Хелсинки во 1940 и 13 во Лондон во 1944 не беа одржани поради двете Светски војни.

Првата модерна Олимпијада се одржа во Атина 1896 година, а првиот запис за овие игри датира од 776 година пред нашата ера, па таа година се наведува како датум на првата воопшто одржана Олимпијада.

Францускиот барон Пјер де Кубертен кон крајот на 19 век ја покрена иницијативата за обновување на Игрите со цел да создаде силно меѓународно движење кое ќе ги афирмира позитивните општествени вредности и ќе го развива духот на заедништво меѓу народите.

Симболот на Игрите кои се одржуваат секои четири години се пет меѓусебно поврзани кругови кои го претставуваат единството на петте континенти, Африка, Америка, Австралија, Азија и Европа, а боите на круговите, сина, жолта, црна, зелена и црвена се избрани, бидејќи секоја држава на своето знаме има барем по една од тие бои.

На годинашните Олимписки игри учествуваат околу 10.500 натпреварувачи од 24 земји и територии и тоа во 26 спортови, односно 29 дисциплини. Првите Олимпијади траеја по неколку месеци, а дури во 1932 година во Лос Анџелес програмата беше сведена на 15 дена, колку што траат и денес.
Олимписките игри во 1936 година ги злоупотреби Адолф Хитлер кој се обиде да ги искористи за афирмација на национал-социјализмот. Слично беше и за време на Студената војна меѓу Соединетите Држави и тогашниот Советски Сојуз.
Ние мора да бидеме сигурни дека Олимписките игри ќе бидат безбедни и сигурни. Го поздравувам и му аплаудирам на тоа што се вклучи и војската. Мислам дека тие прават одлична работа. Ако се потребни натамошни чекори ние ќе ги преземе

„Би сакал да ви посакам, благодарение на вашите победи, што почесто да се вее руското знаме и да се слуша руската химна на стадионите во Лондон. Пожелувам да си верувате исто толку колку што ви веруваат руските навивачи“, изјави на испраќањето на руските олимпијци претседателот Владимир Путин.

Инаку, најтргачиниот настан во 112-годишната историја на модерниот олимпизам се случи во 1972 година во Минхен, кога палестински терористи од организацијата „Црн септември“ ја киднапираа израелската репрезентација, а при ослободувањето на заложниците загинаа деветмина израелски спортисти и двајца нивни тренери.

Тероризмот и денес, со сè поприсутниот допинг, е еден од најголемите непријатели на Олимпиското движење.

„Ние мора да бидеме сигурни дека Олимписките игри ќе бидат безбедни и сигурни. Го поздравувам и му аплаудирам на тоа што се вклучи и војската. Мислам дека тие прават одлична работа. Ако се потребни натамошни чекори ние ќе ги преземе“, изјави неодамна британскиот премиер Дејвид Камерон.

Геслото на Кубертен: „Не е важно да се победи, важно е да се учествува“ сè повеќе губи во своето значење.

Спортистите веќе не избираат средства да ја постигнат целта при што користат стимулативни средства.

Но, второто олимписко гесло: „Побрзо, повисоко, посилно“ и натаму е актуелно. Во организацијата на овие Олимписки игри во Лондон се вложени над 11,5 милијарди евра.

Досега се продадени 11 милиони влезници, две третини на домашната публика, а се очекува доаѓање и на околу два милиона странци.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG