Достапни линкови

Возилата ќе мора да имаат и налепници за регистрација


Ќе се воведе налепница на возилата за регистрација. Владата усвоила измените на Законот за возила со кои се воведуваат определени новитети, меѓу кои и воведување налепница. Според владиниот портпарол измените кои се во насока на подобрување на процесите и присвојување на европските стандарди и законодавство веќе се испратени во собраниска процедура.

Oсвен што возилото треба да биде регистрирано, да има важечка сообраќајна дозвола или важечка потврда за пробно возење и да биде означено со пропишани регистерски таблици, возилата ќе треба да бидат означени и со налепница за извршена регистрација. Налепницата треба да биде истакната на видно место, најверојатно на предното ветробранско стакло, што претставува решение по европски терк.
Налепницата ќе се добива при процесот на регистрација од страна на МВР. Предвидено е кога Законот ќе помине во Собранието, оваа обврска да почне да важи една година од неговото донесување, а до тогаш, ќе се направат сите подготовки.

Зголемувањето на цената на регистрација, според владиниот портпарол Ѓоѓиев нема да биде големо, односно ќе биде сведено на ниво на симболика.

Со измените се уредуваат и постапките за хомологација на возилата за превоз на опасни материи, а се воведува и информирање на потрошувачите за потрошувачката на гориво на купеното возило.
XS
SM
MD
LG