Достапни линкови

Германските медиуми со негативни сценарија за Грција


Грција може да банкротира до септември со оглед на тоа што ММФ го губи трпението за поддршка на проблематичната економија на земјата, пишува денеска германското списание „Шпигл“. Според весникот ММФ ќе им даде до знаење на претставниците на ЕУ дека повеќе не сака да и дава финансиска помош на Грција, затоа што станува јасно оти Владата нема да може да го намали долгот до 120 проценти од БДП-то до 2020 година, како што претходно беше договорено.

Во меѓувреме, германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во интервју за „Билд“ ја предупреди Грција дека мора да ги удвои напорите за да ги исполни условите од договорот за враќање на долгот кон меѓународните кредитори.
„Ако има одлагања, Грција мора да ги надомести“, истакнува Шојбле.
Тој одби да предвиди дали Грција ќе остане во еврозоната нагласувајќи дека ќе ги почека најновите извештаи на тројката (ММФ, Европската централна банка и Европската комисија).
XS
SM
MD
LG