Достапни линкови

Авганистански војник ранил американски војници


Еден авганистански војник отворил оган врз припадници на НАТО при што повредил двајца американски војници, соопштуваат од Алијансата. Потоа авганистанскиот војник бил убиен. Вчера пак еден авганистански полицаец уби тројца странски обучувачи во западен Авганистан. Ваквите напади се чести минатите месеци и досега загинале 29 луѓе. Претходно овој месец тројца британски војници беа убиени од маж кој носел униформа на авганистански полицаец.
XS
SM
MD
LG