Достапни линкови

Сирија ќе искористи хемиско оружје само против надворешни агресори


Сириски владини сили.

Сириски владини сили.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Сирија изјави дека владата ќе искористи хемиско оружје само како одговор на „агресија“ каја доаѓа надвор од земјата. Портпаролот на Владата изјави дека никогаш нема да искористат хемиско оружје против Сиријците. Тој додава дека резервите на хемиско оружје остануваат добро заштитени од страна на војската и покрај конфликтот што ја потресе земјата.

Вчера портпаролот на Белата куќа, Џејмс Карнеј изјави дека САД ги повикува на одговорност сириските власти при употреба на хемиско оружје.

Од Министерството изјавија и дека безбедносната ситуација во Дамаск се подобрува и дека во наредните денови ќе се нормализира. Сириските власти го отфрлија предлогот од Арапската лига да се обезбеди „безбеден излез“ за претседател Башар ал Асад и неговото семејство ако Асад се повлече.
XS
SM
MD
LG