Достапни линкови

logo-print

Најмалку 90 загинати во нападите во Ирак


Најмалку 90 луѓе загинале, а 170 се повредени во престрелки и бомбашки напади во 13 градови во Ирак. Денешните напади вклучуваат и напади на две воени база во Дулуја и во Таџи каде загинале 40 луѓе. Имало подметнати бомби под автомобили, под автобуси, престрелки, а еден полицаец бил нападнат во својот дом. Денеска имало 21 напад во 13 градови. Според официјалните лица ова е најсмртоносниот ден во Ирак оваа година. Досега никој не ја презеде одговорносата за нападите. Претходно Ал Каеда и една милитантна сунитска група рекоа дека планираат нови офанзиви.
XS
SM
MD
LG