Достапни линкови

Во престрелки и бомбашки напади во Багдад 45 жртви


Во престрелки и бомбашки напади во Багдад и северно од главниот град денеска загинале повеќе од 45 луѓе, а многумина се повредени. Денеска имаше и напади во воената база во близина на градот Дулија и во градот Таџи. Престрелки имало во уште неколку градови. Помеѓу убиените се и 10 припадници на безбедносните сили, а 64 луѓе се повредени. Досега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападите. Ал Каеда претходно тврдеше дека планира нови напади, а истото го предупреди и една милитантна сунитска група неодамна.
XS
SM
MD
LG