Достапни линкови

Пофалбите си се пофалби, а обврските обврски


Пофалбите од Филе за владата се толкуваат како порака кон Грција, но и како охрабрување за Македонија да го реши спорот за името.

Пофалбите си се пофалби, а обврските обврски. Вака експертите реагираат на изјавата која еврокомесарот Штефан Филе ја даде за Радио Слободна Европа во која тој вели дека гледа менување на работите во Македонија во насока на исполнување на евро-агендата. Премиерот Груевски оваа изјава ја коментираше како согледување на реалноста за напорите на владата како резултат на почестото присуство на претставници на ЕУ во Македонија по отпочнувањето на дијалогот на високо ниво.
Тоа е дека ние треба да биде проактивни, значи проактивноста беше акцентирана и второ дека не треба дополнително да ги влошуваме состојбите околу антиквизацијата и да преземаме акции кои може да се протолкуваат двосмислено од страна на Грција.

Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование, пак, вели дека оваа порака е упатена пред сè кон Грција за да ги зголеми напорите во изнаоѓање решение во спорот за името и треба да се гледа во заеднички контекст со неодамнешните изјави на Шпинделегер и Лајчак од Скопје. Во сите овие изјави за нас е најважно да се фокусираме на пораките кои ни беа упатени нам.

„Тоа е дека ние треба да биде проактивни, значи проактивноста беше акцентирана и второ дека не треба дополнително да ги влошуваме состојбите околу антиквизацијата и да преземаме акции кои може да се протолкуваат двосмислено од страна на Грција“, вели Димова.

Ова оттаму што обврските со ова не се решаваат, коментира професор Елена Андреевска, а без решавање на обврските нема ни исчекор во насока на интеграциите. Тие обврски како држава сме ги презеле со времената спогодба, а тоа е дека ќе бараме компромис околу спорот за името. Во таа насока, пораките кои доаѓаа од Брисел треба, според Андреевска, да се сфатат како поздравување на последните пораки на добра волја кои кон Атина се обидува да ги испрати македонската влада.

„Во смисла што ете се интензивира кај нас иницијативата за брзо решавање на тој спор, ја слушнавме изјавата и на портпаролот на владата, повикува на средби, на решавање, значи една поинтензивна добра волја од наша страна. Мислам дека тоа е поздравување само на тој чекор, инаку она сè друго останува исто, начинот, постапката на решавање, тука не гледам никакви промени, тоа не може да се смени“, вели Андреевска.

Во интервју за Радио Слободна Европа, еврокомесарот Штефан Филе рече дека е импресиониран од властите во Скопје на реформскиот процес во клучните области и го апострофираше дијалогот на високо ниво. При тоа додаде и оти верува дека тоа ќе биде забележано и во Атина во насока на поголема активност во изнаоѓање решение во спорот за името и оти тоа решение ќе биде најдено уште годинава.
XS
SM
MD
LG