Достапни линкови

Низ персиски агол - Александар и не е толку Велики


Александар Велики во западната историја, која е под грчко влијание, е портретиран како легендарен освојувач и воен лидер, но тој изгледа поинаку од персиска перспектива. Ова го наведува професорот по ирански науки Али Ансари, додавајќи, дека Персиската империја била вредна за освојување, а не оти и требало цивилизирање.

Секој посетител на спектакуларните урнатини на Персеполис, церемонијална престолнина на античката Персиска империја ќе биде запознат со три факти: била изградена од Дариј Велики, разубавена од неговиот син Ксерекс и уништена од Александар.
Влијанието на грчкиот јазик и култура помогна да се создаде приказна на Западот дека инвазијата на Александар Македонски беше првиот од многуте западни походи за да се му донесат цивилизација и култура на варварскиот Исток.

Всушност, во некои западни историски книги се вели дека Персијците постоеле за да бидат осовоени од Александар кој го срамни со земја Персеполис во пијана состојба поттикнат од грчка куртизана, наводно како одмазда за палењето на Акрополис од персискиот владар Ксерекс. Персијците исто така го обвинуваат за големото уништување на културните и верските објекти во империјата.

Влијанието на грчкиот јазик и култура помогна да се создаде приказна на Западот дека инвазијата на Александар Македонски беше првиот од многуте западни походи за да се му донесат цивилизација и култура на варварскиот Исток.
Персиската империја не беше нешто што требаше да се освои, туку да се стекнат нејзините достигнувања. И покрај тоа што Алекснадар од Персијците е карактеризиран како уништувач и како несовесно и непсособно момче, доказите сугерираат дека тој задржал здрава почит за Персијците.

Всушност, Персиската империја беше вредна за освојување, не затоа што и требаше цивилизирање, туку затоа што беше најголемата империја што дотогаш ја имаше видено светот и која се протегаше од Централна Азија до Либија. Персија беше енормно богата награда.

Но, грчкиот восхит за Персијците е од многу порано. Атинскиот генерал и писател Ксенофон напиша ода во која го фали владителот кој покажал дека може да се владее на голема територија со помош на силен карактер.

Персијците дури откриле дека можат да ги постигнат нивните цели во Грција со тоа што ќе ги финансираат војните меѓу раскараните грчки градови. Всушност, персиски пари стоеле зад победата на Спарта врз Атина. Александар бил запознаен со ваквите приказни.
Персеполис

Персеполис


Персиската империја не беше нешто што требаше да се освои, туку да се стекнат нејзините достигнувања. И покрај тоа што Александар од Персијците е карактеризиран како уништувач и како несовесно и неспособно момче, доказите сугерираат дека тој задржал здрава почит за Персијците.

Тој дури изразил и жалење за уништувањата што ги предизвика неговата империја. Да поживеел повеќе од 32 години можеби ќе го поправел она што го уништил.

Со време Персијците се помириле со нивниот македонски освојувач и го апсорбирале како и другите освојувачи по него, во структурата на националната историја.

Во големиот ирански еп Шахнаме, напишан во 10 век од нашата ера, Александар веќе не е целосно странски принц, туку роден од персиска мајка, наведува професорот по ирански науки Али Ансари.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG