Достапни линкови

logo-print

Немири во два кампа со сириски бегалци во Турција


Syria -- Syrian residents take goods from a truck which rebels captured at the Bab al-Hawa border crossing with Turkey near Aleppo, 20Jul2012

Syria -- Syrian residents take goods from a truck which rebels captured at the Bab al-Hawa border crossing with Turkey near Aleppo, 20Jul2012

Турските сили за безбедност вчера употребија солзавец, гумени палки и пукаа во воздух за да ги задушат немирите во два кампа со сириски бегалци, во близина на сириско-турската граница, јави агенцијата Анадолија.
Во судирите меѓу силите за безбедност и бегалците повредени се вкупно осум лица, по четворица на двете страни.
До немири во бегалскиот камп во близина на градот Ишлахија, во провинцијата Килис, дошло бидејќи во кампот пристигнала група од 1.500 Турци од Сирија.
Полицијата со оклопен транспортер влегла во кампот, пукајќи во воздух како предупредување за да ја растури масата луѓе кои меѓу себе се бореле со стапови и тупаници, пренесуваат агенциите.
Турската ТВ станица Си Ен Ен-Турк јави дека бегалците во еден момент земале неколку полицајци како заложници.
Тензии имало и во друг камп во истата провинција, каде полицијата врз бегалците употребила солзваец и пендреци, на што и било возвратено со фрлање камења, по што бегалците го напуштиле кампот бидејќи веќе немале храна и вода.
Во немирите нема потешко повредени.
Во турција привремено прибежиште најдоа 43.000 регистрирани сириски бегалци
XS
SM
MD
LG