Достапни линкови

logo-print

Арапската Лига му понуди „безбеден излез“ на сирискиот претседател


 Генералниот Секретар Набил Ел Араби

Генералниот Секретар Набил Ел Араби

Арапската лига му понуди на Претседателот на Сирија Башар ал Асад „безбеден излез“ за него и неговото семејство доколку поднесе оставка на функцијата. Генералниот Секретар Набил Ел Араби не даде детали за предлогот на состанокот на министрите за надворешни работи во Доха – Катар.
Арапската Лига вети и 100 милиони долари за сириските бегалци во соседните земји. На состанокот е побарано сириските бунтовници да формираат преодна влада на национално единство.
Во меѓувреме, се јавува дека борбите меѓу бунтовнците и владините сили продолжуваат во Дамаск и Алепо.
XS
SM
MD
LG