Достапни линкови

Тројца цивили кои работеле за НАТО убиени во Авганистан


Тројца цивили кои работеле за НАТО во Авганистан биле убиени кога кон нив пукало лице облечено во униформа на авгансиатанките безбедносни сили. НАТО соопштува дека нападот се случил во западен Авганистан и дека во текот на инцидентот загинал и убиецот. Припадници на авганистанските вбезбедносни сили или екстремисти облечени во нивни униформи убиле голем број припадници на НАТО, но досега немаше убиства на цивилни лица кои работат за Алијансата. Агенциите јавуваат дека во слични напади годинава во Авганистан се убиени 26 странски војници.
XS
SM
MD
LG