Достапни линкови

Заврши истрагата за нуклеарната катастрофа во Фукушима


Истрагата за најлошата нуклеарна несреќа во светот по Чернобил се очекува да биде објавена од страна на јапонскиот владин комитет во текот на денот. Комитетот ја истражуваше нуклеарната катастрофа во централата во Фукушима. Се очекува извештајот да биде критичен во однос на Владата и приватниот оператор на централата. Преелиминарниот извештај објавен во декември, објави дека регулаторите и Електростопанството на Токио биле неподготвени за катастрофа голема како земјотрес со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала или цунами што се случија на објектот. Во почетокот на јули, независна истражна комисија соопшти дека нејзината истрага покажала дека нуклеарната катастрофа била "резултат на заговор на владата, регулаторите и на Елекстростопанство Токио.”
XS
SM
MD
LG