Достапни линкови

САД загрижени за употребата на хемиско оружје во Сирија


Соединетите Држави соопштија дека ќе ги повикаат на одговорност оние сириски официјални лица кои дозволуваат употреба на хемиско оружје во земјата. Портпаролот на Белата куќа, Џејмс Карни изјави дека Вашингтон е во постојана консултација со соседите на Сирија и со меѓународната заедница во врска со загриженоста околу залихите на Сирија со хемиско оружје.
Премиерот на Катар изјави дека арапските земји го повикале сирискиот претседател Башар ал-Асад брзо да се откаже од власта, со цел да стави крај на граѓанската војна во земјата. Арапската лига пак ја повика опозициската слободна сириска армија да формира преодна влада на национално единство. Во меќувреме, продолжуваат борбите меѓу владините сили и бунтовниците во Дамаск и Алепо. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека бројот на жртвите од востанието против Асад кое почна во март 2011 ја надмина бројката од 19.000 луѓе.
XS
SM
MD
LG