Достапни линкови

Почина кубанскиот дисидент Паја


Еден од најпознатите кубански дисиденти, Освалдо Паја почина во сообраќајна несреќа. 60-годишниот Паја, лидер на Христијанско-демократското движење, се движел во источниот дел на Куба во времето на несреќата. Се уште не се соопштуваат повеќе детали околу несреќата. Паја ја поведе кампањата со петиција која повика на референдум за еднопартиска власт во 2002 година. Петицијата беше отфрлена од комунистичката влада на Куба.
Тој е познат како како водечки претставник на мирни демократски промени на Куба. Добитник е на наградата Сахаров за човекови права во 2002 година, именувана по познатиот Советски дисидент. Тој, исто така беше номиниран два пати за Нобеловата награда за мир од страна на поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел.
XS
SM
MD
LG