Достапни линкови

Шеснаесет мртви, десеттици ранети во бомбашки напади во Ирак


Шеснаесет луѓе загинале, а десетици биле ранети во два одвоени напади во Ирак, соопштија претставници на безбедносните сили. На крајот од рамазанскиот пост, два автомобили експлодирале на паркинг полн со автобуси во сунитскиот град Махмудија, на југот од Багдад. Десет лица меѓу нив и двајца полицајци умреле. Неколку минути подоцна и на 20 километри оддалеченост, експлодирале две нагазни мини на пазар во Мадаин, друг град населен претежно од Сунитите, југоисточно од главниот град. Во овој напад загинале 6 лица, а биле повредени најмалку 15.
XS
SM
MD
LG