Достапни линкови

Се урна хеликоптер во Турција, загинале тројца војници


Тројца војници загинале, а четири биле повредени кога се урнал воен хеликоптер на југоистокот од Турција, каде вообичено силите на Анкара се борат против бунтовниците. Хеликоптерот се урнал во провинцијата Хакари, недалеку од границата со Ирак. Турската државна телевизија соопштува дека хеликоптерот бил во мисија да донесе нови и да ги однесе старите војници од кризното место. Според неофицијални информации, се смета дека најверојатно бунтовниците го собориле леталото.
XS
SM
MD
LG