Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ- Кој што сторил за Неготино?


СДСМ викендов при посетата на Демир Капија и Неготино за да ги слушнат проблемите и предлозите на граѓаните, констатирале дека во тој регион никогаш не владеел поголем песимизам и никогаш не бил во полоша состојба. Вечерва СДСМ ќе одржат митинг во Неготино. Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Неготино на локалните избори идната година Силвана Филипова пред вечерашниот митинг рече дека приоритети доколу победи ќе бидат гасификација и решавањето на проблемот со водата за пиење.
Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ успеле да ја избркаат инвестицијата од 800 милиони евра што владата на СДСМ ја донела во термоелектраната Неготино. ,

Од ВМРО ДПМНЕ побараа СДСМ да објасни зошто во нивно време земјоделците не добивале субвенции, зошто не донеле ниту една инвестиција, зошто во врем на СДСМ пропаднале речиси сите фирми во Неготино.

„СДСМ за македонскиот земјоделец е синоним за криминал и пустош. Тие немаат бројки, немаат примери со кои можат да се пофалат. Затоа измислуваат и лажат, но народот не може да се излаже и затоа не им верува’, велат од ВМРО- ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG