Достапни линкови

Самарас: Грција е во „голема депресија“


Грчкиот премиер Андонис Самарас.

Грчкиот премиер Андонис Самарас.

Грција е во „голема депресија“, слична на таа што ја преживеаа САД во 30-те години од минатиот век, изјави грчкиот премиер Андонис Самарас по денешната средба во Атина со поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Оваа констатација Самарас ја изнесува два дена пред пристигнувањето во Атина на меѓународните кредитори, кои треба да извршат притисок за спроведување на дополнителни мерки за штедење.

Клинтон е дел од бизнис делегација, составена од претставници на грчката заедница во САД. Самарас и Клинтон разговарале за проблемите на грчката економија и пронаоѓањето на решенија за нив.

Грчкиот премиер нагласил дека Владата ќе ги преземе сите потребни радикални мерки и реформи, со цел да и помогне на земјата да излезе од тешката криза, откако веќе пет години е во рецесија.

Тој го определил Клинтон како пријател на Грција и му заблагодари за учеството во обидите на грчката заедница во САД да создаде фонд за стимулирање на грчката економија.
XS
SM
MD
LG