Достапни линкови

Авганистан го предупреди Пакистан


Авганистан го предупреди Пакистан дека било какви понатамошни прекугранични бомбардирањета би можело значително да им наштетат на меѓусебните односи. Во соопштението од авганистанското Министерство за надворешни работи се вели дека се повикуваат пакистанските власти да разговараат за најновите бомбардирања. Од Кабинетот на претседателот Хамид Карзаи изјавија дека ова прашање било покренато на состанокот на Советот за национална безбедност. Пакистански воени авиони денеска нападнаа четири локации во северозападниот племенскиот регион Оракзаи кој се наоѓа на границата со Авганситан.
XS
SM
MD
LG