Достапни линкови

Пранаб Мукерџи избран за претседател на Индија


Поранешниот индиски министер за финансии Пранаб Мукерџи е избран за претседател на Индија по гласањето од страна на националните и на државните пратениците. Мукерџи лесно го победи својот ривал П.А.Сангма за главната церемонијална позиција. Мукерџи се смета за искусен политичар кој ќе може да одигра значајна улога во подготовката за националните парламентарни избори во 2014 година. Се предвидува дека овие избори ќе резултираат со потреба да се создаде коалициска влада која ќе вклучува неколку национални и регионални партии.
XS
SM
MD
LG