Достапни линкови

Активни неколку пожари во Македонија


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Пожарите во околината на Националниот парк „Јасен“, Катлановска Бања и Танушевци се се уште активни, информираат од Центарот за управување со кризи. Од таму велат дека денеска избувнал пожар во атарот на селото Градец во Крива Паланка. Пожарот е се уште активен и на него интервенираат шест лица од противпожарната единица и 10 лица од шумското стопанство.


Пожарот во Националниот парк „Јасен“ вчера беше ставен под контрола, но денеска во утринските часови повторно е активен.
Се уште е активен и пожарот меѓу Катлановска бања и селото Градманци во месноста Кочкова населба (општина Петровец).
Пожарот над Ново Конско во месноста Ѓупка се уште е активен. Гори нискостеблеста дабова шума на површина од 150 хекатри.

Во месноста Орлова вода во атарот на село Витолиште каде беше зафатена површина од 40 – 50 хектари пожарот е ставен под контрола. Моментно интервенираат 30 лица.

Во атарот на село Слоештица (општина Демир Хисар) пожарот е локализиран, а се очекува во текот на денешниот ден целосно да биде изгаснат.
XS
SM
MD
LG