Достапни линкови

logo-print

Пакистан започна акција против милитантите


Милитанти во Пакистан.

Милитанти во Пакистан.

Пакистански воени авиони денеска нападнале четири локации во северозападниот племенскиот регион Оракзаи, при што загинале непознат број на осомничени талибански милитанти, јавува Радио Машал. Нападот го потврдуваат и од разунавачката служба на Пакистан, но не можат да кажат колку милитанти биле убиени. Новинската агенција Ројтерс цитираше неименуван воен извор кој вели дека при нападите загинале 15 милитанти, но дека бројот на жртвите не може да биде потврден. Неколку милитантни групи меѓу кои и пакистански Талибанците, се активни во полу-автономниот племенски регион долж границата со Авганистан.
XS
SM
MD
LG