Достапни линкови

Брејвик не успеа да го промени норвешкото општество


Норвешкиот премиер Јенс Столтенберг изјави денеска дека Андрес Беринг Брејвик кој пред точно една година усмрти 77 луѓе, не успеа во својот обид да го промени општеството во Норвешка.

„Бомбите и куршумите на Брејвик имаа за цел да ја променат Норвешка. Норвешкиот народ на тоа одговори така што уште повеќе застана зад своите вредности. Убиецот не успеа, народот победи“, рече премиерот на комеморацијата во Осло.

Тој положи венец на местото во близина на зградата на владата во Осло, каде пред една година Брејвик активираше бомба при што загинаа 8 луѓе. Потоа Брејвик нападна младински камп на островот Утоја и застрела уште 69 луѓе.

Судењето на Брејвик започна на 16 април, за време на судењето тој изјави дека нападите ги извршил за да ја заштити Норвешка од „муслиманската инвазија“ и дека цел му биле младите лабуристи затоа што таа партија од Норвешка прави мултикултурално општество. Судењето на Брејвик заврши на 22 јуни, а пресудата треба да биде донесена на 24 август.
XS
SM
MD
LG