Достапни линкови

Американски борбен авион се урнал северно од Јапонија


Американски борбен авион Ф-16 денеска се урнал во близина на брегот на Јапонија соопшти американски воен портпарол. Пилотот испаднал од авионот и сега во тек е спасувачка операција. Борбениот авион се урнал околу 320 километри североисточно од Хокаидо, најсеверниот остров во Јапонија. Тој полетал од американската база на островот Аомори и требало да стигне до Северна Америка, соопштил портпаролот. Не се откриваат детали за причината за несреќата.
XS
SM
MD
LG