Достапни линкови

Поројни дождови во Пекинг, најмалку 10 жртви


Најмалку 10 луѓе загинале за време зе викендов од силните дождови кои го погодија кинескиот главен град, Пекинг. Поројните дождови кои вчера го погодија Пекинг се најсилните дождови евидентирани во последните шест децении. Во округот Фаншан за 14 часа наврнале 46 сантиметри дожд. Денеска екипи се на терен и санираат штети. Официјалните претставници велат дека бројот на жртвите може да се зголеми. Уште 10 луѓе загинале од поројните дождови, но во други делови на Кина.
XS
SM
MD
LG