Достапни линкови

Исчезнатиот косовски поет Подримја пронајден мртов


Али Подримја.

Али Подримја.

Француските власти го известиле министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџа дека полицијата го пронашла мртов познатиот косовски поет и академик Али Подримја, објавија денеска приштинските медиуми. Косовското Министерство за надворешни работи синоќа соопшти дека од 18 јули нема никакви информации за судбината на Подримја, кој учествувал на поетскиот фестивал „Глас на Медитеранот“ во градот Лодеве во Франција. Во известувањето до Хоџај се наведува дека француските власти работат на расветлување на околностите под кои починал Подримја. Косовските медиуми објавија дека тој боледувал од деменција, па дека е можно тоа да е причината поради која исчезнал и не се јавил на неговото семејство.
XS
SM
MD
LG