Достапни линкови

Бомабашкиот напад во Бугарија има обележја на Хезболах


Бомбашкиот напад на аеродромот во бугарскиот град Бургас има одредени обележја на Хезболах, изјави портпаролот на Пентагон, Џорџ Литл.
Тој додаде дека американското министерство за одбрана не е во позиција да донесува заклучоци. Сепак, американските безбедносни служби наведуваат дека постои “високо ниво на увереност” дека токму проиранската организација Хезболах стои зад терористичкиот напад во Бугарија.
Во нападот загинаа седум лица, од кои пет израелски туристи. Бугарските власти вчера соопштија дека нападот го извршил странец. Официјален Иран негира вмешаност во терористичкиот напад.
XS
SM
MD
LG