Достапни линкови

logo-print

Косовските Срби упатија писмо до Бан Ки-мун


Косовска Митровица

Косовска Митровица

Градоначалниците на четирите српски општини во северниот дел на Косово испратија отворено писмо до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун во кое се жалат дека косовските Срби живеат во состојба на несигурност.
Во писмото потпишано од градоначаниците на Косовска Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ се вели дека во последниве 13 години во Косово се убиени над 1.000 Срби, како и дека се запоседнати или уништени десетици илјади српски имоти.
- Вознемирувачки е фактот што илјадници Албанци, извршители на убиства и други криминални дела против Срби, можат слободно да се движат и да учествуваат во јавниот и политичкиот живот, бидејќи не се судски казнети за своите дела, се наведува во писмото.
Четворицата градоначаници бараат да се земе предвид „реалната состојба и демократски изразената желба на српскиот народ во Косово, со цел да се најде политичко решение за сите проблеми“.
XS
SM
MD
LG