Достапни линкови

Шулц: Можна е социјална експлозија во Европа


Мартин Шулц

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц предупреди дека економската криза во Шпанија би можела да предизвика социјална експлозија ширум континентот. Според Шулц потребна е итна промена на новите европски програми со што би се создале повеќе работни места за оваа генерација. Шулц сепак смета дека Шпанија е во подобра позиција да се избори со кризата, за разлика од Грција. Тоа како што изјавил се должи на солидната индустриска база и добро организираната јавна управа на Шпанија.
XS
SM
MD
LG