Достапни линкови

logo-print

Терористи подготвувале напад врз израелски туристи на Кипар


Терористи подготвувале планови за напад врз автобус со израелски туристи на Кипар, објави денеска кипарскиот весник на грчки јазик „Симерини“.
Весникот тврди дека кипарските власти добиле информации дека бил планиран самоубиствен бомбашки напад во градот Фамагуста на територијата на Северен Кипар. Нападот требало да наликува на оној што во средата беше изведен на аеродромот во бугарскиот град Бургас. Според „Симерини“, уапсениот шведски државјанин со либанско потекло имал за задача да собере информации за тоа како групите со израелски туристи пристигнуваат на Кипар, каде се движат и кои места ги посетуваат. Весникот наведува дека шведскиот Либанец требало во вторник да отпатува од Кипар.
XS
SM
MD
LG