Достапни линкови

Во престрелка во Пакистан, убиени шест војници


Најмалку шест војници биле убиени во вооружен напад врз контролен пункт во југозападна провинција Балучистан во Пакистан. Во нападот биле повреден три лица. Според информациите, десеттина напаѓачи избегале со мотори веднаш по престрелката. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Областа Балучистан каде што се случил нападот е честа мета на исламистички милитанти, секташко насилство меѓу сунитските и шиитските муслимани и сепаратистички бунт кој,исто така е насочен кон владините претставници и безбедносните агенции.
XS
SM
MD
LG