Достапни линкови

Бан Ки Мун повика да запре насилството во Сирија


Бан Ки Мун и Иво Јосиповиќ на Бриони, Хрватска

Бан Ки Мун и Иво Јосиповиќ на Бриони, Хрватска

Шефот на Обединетите Нации Бан Ки-мун изјави дека сириските власти не успеале да ги заштитат цивилите и притоа ја повика Меѓународната заедница да дејствува брзо за да се запре насилството. Говорејќи за време на посетата на Хрватска како дел од еднонеделната тура низ Балканот, шефот на ОН изјави дека сириската влада мора да ги спречи убиствата во земјата и употребата на тешко оружје против населението. Тој исто така, повика на брзо и мирно спроведување на политичката транзиција на Сирија нагласувајќи дека Советот за безбедност на ОН мора да ги засили своите напори во таа насока.
Бан најави испраќање на потсекретар за мировните операции во Сирија за да ја процени актуелната ситуација.
XS
SM
MD
LG