Достапни линкови

logo-print

Нови судири во сирискиот град Алепо


Во сирискиот град Алепо продолжуваат судирите меѓу војниците и бунтовниците. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека во овој град продолжуваат битките меѓу воените сили и бунтовничките единици. Судирите доаѓаат еден ден откако Советот за безбедност на ОН, едногласно за уште 30 дена и го продолжи мандатот на набљудувачката мисија во Сирија.
До гласањето дојде само неколку часови пред истекот на тримесечниот мандат на оваа мисија. Русија и Кина вчера ставија вето на резолуцијата со која се бара поостри санкции против режимот на претседателот Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG