Достапни линкови

logo-print

Пожари беснеат во северна Грција


Големи шумски пожари беснеат во реоните на Лерин и на Пела во северниот дел на Грција, но според првичните информации засега нема опасност од нивно ширење кон населените места. Како што јавуваат агенциите, пожарот во реонот на Лерин избувнал рано изутринава од засега непознати причини. Огнената стихија досега уништилa околу 1,5 хектари ниско стеблеста шума. Утрово пожар избувнал и во планинските делови во реонот на Пела. Грчките медиуми јавуваат и дека три помали пожари претпладнево избувнале и во реонот на Солун, кои набрзо биле изгаснати.
XS
SM
MD
LG