Достапни линкови

Запрена потрагата за патници од превртениот траект во Танзанија


Властите на Танзанија денеска соопштија дека ја прекинуваат потрагата за исчезнатите патници по трагичната несреќа, кога се преврте преполн траект. Според последните податоци 69 лица загинале, а за 77 кои се уште не се пронајдени се верува дека се мртви. Спасувачките тимови успеале да спасат 145 лица. Траектот требало да патува кон Занзибар, а во него имало 291 лице, иако според прописите може да има најмногу 250 патници.
Во септември минатата година повеќе од 200 лица загинаа кога во водите на Индискиот океан потона преполн траект.
XS
SM
MD
LG