Достапни линкови

logo-print

На Бриони средба Јосиповиќ - Бан Ки Мун


Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ го прими генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун во Белата вила на Бриони. По нивниот разговор во четири очи, предвидено е да започнат билатералните разговори на делегациите на Хрватска и Обединетите Нации. Освен со Јосиповиќ, Мун ќе се сретне и со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ и со министерката за надворешни работи Весна Пусиќ.
Генералниот секретар на ОН, најпрво ја посети Словенија, а во рамки на службената турнеја на Балканот, тој ќе ги посети Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Македонија.
XS
SM
MD
LG