Достапни линкови

Експлозија на нафтовод во југосточна Турција


Силна експлозија го оштетила нафтоводот „Киркук-Џејхан“ во југоисточната турска провинција Мардин. Експлозијата се случила во близина на границата меѓу Турција и Сирија и предизвикала прекин на увозот на нафта од Ирак за Турција.
Гувернерот на Мардин, Турхан Ајваз изјави дека станува збор за саботажа, но не посочи кој стои зад неа. Како што јавуваат агенциите, во несреќата нема жртви, а на местото на инцидентот се наоѓаат противпожарни екипи кои го гаснат огнот што избувнал по експлозијата.
Овој нафтоводот, долг 960 километри, го поврзува ирачкиот град Киркук со турското медитеранско пристаниште Џејхан и низ него минува околу една четвртина од извозот на нафта од Ирак.
XS
SM
MD
LG