Достапни линкови

Америка во жалост по трагедијата во Колорадо


Американците жалат по дванаесетте лица кои загинаа, и педесет и осумте повредени во престрелката за време на премиерата на новиот филм Бетмен во филмскиот театар Аурора, во Колорадо. Полицијата соопшти дека триесет од повредените останале во болница, додека единаест се во критична состојба. Осомничениот убиец Џејмс Холмс и се предаде на полицијата. Инспекторите пронашле запаливи и хемиски уреди во станот на Холмс. Се верува дека осомничениот нема поврзаност со терористички организации.
Американскиот претседател Барак Обама го осуди дивеењето како "бесмислено" и нареди пет дена американските знамиња да бидат симнати на половина копје во спомен на жртвите.
XS
SM
MD
LG